Аргентински функционер „летна“ од работа откако побара извинување од Меси


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Аргентинската влада му изрече отказ на Хулио Гаро поради пораката испратена кон аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.

По победата во финалето на Копа Америка, дел од аргентинските фудбалери направија скандал со расистичка песна, а тоа го натера потсекретарот за спорт да испрати порака преку медиумите.

Гаро побара од Меси да се извини за скандалот, иако Аргентинецот воопшто не учествуваше во него, а тоа предизвика реакција од владата која го отпушти.

Меси не реагираше на пораката од Гаро, кој мораше и да се извини поради неговиот потег.