ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
МАРКО АРНАУТОВИЌ (36) е официјално нов фудбалер на Црвена Ѕвезда, а на неговото претставување на стадионот Рајко Митиќ не можеше да ги сокрие емоциите. Иако требаше да биде свечен момент, конференцијата за медиуми ја одбележа моментот кога австрискиот напаѓач се скрши откако беше поставено прашање за неговиот голем пријател и ментор, Синиша Михајловиќ.
Откако прашањата на новинарите се нижеа едно по друго, следеше прашање за односот што го имаше со Синиша Михајловиќ. Арнаутовиќ веднаш го покри лицето со рацете, обидувајќи се да ги запре солзите, и едвај успеа да прозбори: “А, не прашувајте за тоа…”
Неколку моменти молчеше, обидувајќи се да се прибери, а потоа со треперлив глас продолжи. “Ова е првото прашање што навистина е тешко, не требаше да ме прашуваш тоа. Тој ми беше брат, татко, ми беше сè. Му реков дека еден ден ќе дојдам овде,” откри Арнаутовиќ.
Фото: Принтскрин