Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ги договорил условите за соработка со Реал Мадрид и ќе го засили шпанскиот клуб летово како слободен играч, дознава швајцарскиот Скај Спортс.
Медиумите долго време шпекулираа каде десниот бек ќе ја продолжи кариерата.
Неговиот актуелен договор со Ливерпул истекува летово, а од јануари има право да договори и потпише договор со кој било друг тим.
Како што дознава „Скај Спортс“, Александер-Арнолд ќе потпише петгодишен договор со Реал.
Англичанецот во Мадрид ќе заработува 15 милиони евра годишно, со дополнителни значителни бонуси. За споредба, овој 26-годишник во Ливерпул инкасира скоро 11 милиони евра по сезона.