Арсен Венгер главен кандидат за селектор на Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е главен фаворит за нов селектор на репрезентацијата на Англија.

После неуспехот на Европското првенство каде што беа елиминирани од Исланд во осминафиналето, Рој Хоџсон, го заврши селекторскиот мандат на клупата на “Гордиот Албион”.

Негова замена се бара на големо. Иако се споменуваат многу имиња, главен фаворит за клупата на селекцијата на Англија е 66 годишниот, Арсен Венгер.
ФА најави преговори со Венгер кој има уште една година од договорот со Арсенал во кој работи веќе две децении, поради тоа тешко е да се варува дека Венгер би ги напуштил “Топџиите” .

Наскоро би требало да биде познат новиот англиски селектор, а покрај Венгер во конкуренција се уште Лоран Блан и Славен Билиќ.