Арсенал би можел да остане без напаѓачкото дуо Лаказет- Обамејанг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал би можел да остане без ударното дуо од нападот, Пјер Емерик Обамејанг и Александре Лаказет следното лето.

Овие вести ги пренесува „Дејли Експрес“ кој пишува дека иако клубот подготвува нов договор за играчите, свесни се дека истите нема да бидат потпишани ако Унаи Емери остане на тренерската позиција.

Актуелниот договор на Обамејанг истекува во 2021 година и следната година тој ќе влезе во последната година од неговиот договор што значи дека ќе може да си замине по доста прифатлива цена.

Лаказет пак посакувал да игра во Лигата на шампионите и ако АРсенал не заврши во првите четири на табелата со сигурност ќе си оди од тимот.