Арсенал блиску до ангажман на крилен фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сан“ пренесува дека Арсенал е блиску до ангажман на норвешкиот крилен фудбалер, Џорџ Луис.

Ова ќе биде доста изненадувачки трансфер затоа што Луис не е еден од талентите кои беа форсирани од Норвешка, а негов последен клуб е член на третата по ранг лига во Норвешка.

Луис бил гостин на Арсенал уште во месец март кога „топчиите“ славеа со 1:0 против тимот на Вест Хем.

Кога ќе го потпише договорот, најпрво ќе замине во у23 тимот, а дури потоа доколку ги задоволи тренерите, ќе биде преместен во првиот тим.