Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Такума Асано го привлече вниманието на Арсен Венгер.
Младата ѕвезда на јапонскиот фудбал, Такума Асано е на добар пат да се пресели во Лондон.
Талентираниот 21-годишен напаѓач на Хирошима беше избран за најдобар млад фудбалер во Јапонија во 2015-та година, а дебитираше за репрезентацијата на Јапонија за која постигна погодок на 4 натпревари. Асано беше на чекор од трансфер во Аугсбург, но сега се појави можност за преселба во Англија.
Момчето кое во татковината е познат под прекарот Јагуар има постигнато 2 погодоци на 10 натпревари, а главни карактеристики му се дриблингот и брзината. Уште пред крајот на минатата сезона беше јасно дека на топчиите му треба напаѓач бидејќи Жиру беше жестокот критикуван од навивачите.