Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Додека другите клубови, пред се директните конкуренти на Арсенал во борбата за титулата во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Сити, носат одлични засилувања, на Емирејтс не е така.
На Топџиите им се подготвуваат два големи проблема, а се работи за Марк Гехи и Бенјамин Шешко.
Микел Артета го виде Марк Гехи како совршен играч кој би донел голема конкуренција на стоперската позиција, но тој е подготвен својата кариера да ја продолжи во Ливерпул наместо на Емирејтс.
Покрај тоа, Микел Артета очајно бара нов напаѓач, а спортскиот директор Андреа Берта е во преговори со Бенјамин Шешко и со напаѓачот на Спортинг од Лисабон Виктор Ѓокереш.
Артета го сака Словенецот кој има 22 години и смета дека тој треба да биде играчот за кого Арсенал ова лето ќе потроши огромни пари.
Инсајдерите тврдат дека луѓето кои се грижат за кариерата на Бенјамин Шешко бараат доста повисока плата за својот клиент отколку што се подготвени да понудат челниците на Арсенал.
Ѓокереш е алтернативата на Арсенал и не сакаат лесно да го загубат, бидејќи тој почна да сфаќа дека не е прв избор, а тоа му секако нема да му се допадне.
Овој одличен напаѓач на Спортинг сака да дојде во Премиер лигата, но во моментов Бенјамин Шешко има предност кај челниците на Арсенал.
Фото: Принтскрин