Премиерлигаш е фаворит за освојување на Лигата на шампионите


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска го изврши ждрепката за завршницата на Лигата на шампионите, а по ждрепката, најголемите шанси за освојување на елитниот трофеј во клупскиот фудбал ги има лондонскиот Арсенал.

Екипата на Арсенал е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Статистичарите и квотите се на страна на лондонскиот клуб, на кој му се даваат дури 27.4 проценти шанси за освојување на првата титула шампион на Европа во историјата.

„Топчиите“ во осминафиналето за ривал го имаат Бајер од Леверкузен, четвртфиналето им носи дуел со подобриот од дуелот меѓу Бодо/Глимт – Спортинг Лисабон, додека во полуфиналето би можеле да играат со Њукасл, Барселона, Атлетико и Тотенхем.

Тимот на Микел Артета е значително пред сите други според шансите за освојување на трофејот. Речиси двојно помалку шанси има минхенскиот Бајерн со 14.28 проценти.

На Ливерпул му се даваат 12.83 проценти шанси, Манчестер Сити е на четвртото место со 10.79 проценти, а актуелниот првак на Европа – францускиот ПСЖ, има само 4.64 проценти шанси да го одбрани насловот.