Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тренер Микел Артета сака да ја освои титулата во Премиерлигата оваа сезона со Арсенал, а засега му оди добро бидејќи е лидер на табелата пред Манчестер сити.
Иако многумина се сомневаа во квалитетите на Артета, сепак Шпанецот им покажа дека грешат, а сега почнал да прави и планови за идната сезона.
„Кориере дело Спорт“ објави дека Артета му наредил на раководството на Арсенал да му го купи Брахим Диаз, кој во моментов се наоѓа на позајмица во Милан.
Овој 23-годишен фудбалер сезонава одигра 23 меча во Серија А за „росонерите“ и притоа постигна четири гола и две асистениции, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра.