До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во петтото коло од англискиот ФА Куп, Арсенал гостуваше кај нижнолигашот Мансфилд и победи со 2:1, но со големи проблеми за Микел Артета пред претстојниот натпревар во Лигата на шампионите.
Арсенал се бори на сите фронтови оваа сезона, но примарната цел е Премиер лигата, потоа Лигата на шампионите, па потоа и куп натпреварите.
Гостинот кај Мансфилд, Микел Артета очекувано ја измеша постава, даде шанса на играчите што помалку играат, но и на некои кои се многу важни во составот.
Арсенал ја исполни својата цел и се пласираше во четвртфиналето на Купот, но Артета доби главоболки поради новите повреди.
Леонард Тросар се повреди во првиот дел, па го замени Хинкапи во 38. минута, а потоа во вториот дел стоперот Калафиори беше заменет поради повреда.
Сѐ уште не е познат степенот на повредите, но под знак прашалник се настапите на двајцата во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Бајер Леверкузен.
.
















