Арсенал го има најлошиот старт во последните четири децении, но Артета нема да добие отказ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета не е загрижен за можноста да добие отказ бидејќи неговиот клуб не игра како што се очекува од нив.

„Топчиите“ го имаат најлошиот старт во првенството во последните 39 години, но Артета вели дека не е загрижен за неговата работа.

„Кога одлучив да станам тренер се помирив со тоа дека ќе можам да добијам отказ во било кој момент. Отказ еден тренер може да добие и месец дена после потпишувањето на договорот, може да се случи утре или за шест месеци. Никогаш не знаеш и затоа воопшто не размислувам. Моја единствена грижа е да го извлечам максимумот од играчите“, кажа Артета.

Артета играчката кариера ја заврши во Арсенал каде што играше од 2011 до 2016 година, а потоа се посвети на тренерската кариера.