Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди се согласи на трансфер во Арсенал, и договорот меѓу двата клуба беше успешно комплетиран уште во мај. Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад наскоро ќе пристигне во Лондон, каде што ќе ги изврши сите медицински тестови и официјално ќе потпише договор со премиерлигашот.
Реал Сосиедад ќе добие околу 65 милиони евра, кои ќе бидат исплатувани на рати, согласно договорените услови. И покрај шпекулациите за интерес од Реал Мадрид досега, англискиот клуб успева да ја задржи контролата врз ситуацијата и трансферот ќе биде реализиран без пречки.
Арсенал го обезбеди потписот на еден од најперспективните шпански фудбалери во средината, и од него се очекува значајно да придонесе во тимот на Микел Артета.
Фото: Grok AI