Арсенал во четвртокот попладне потврди дека бразилскиот фудбалер Габриел Мартинели официјално го напуштил клубот.
Бразилскиот лев крилен напаѓач ќе ја продолжи својата кариера во еден од најголемите клубови во Саудиска Арабија, Ал Хилал.
Мартинели ќе се пресели на Блискиот Исток со трансфер вреден 70 милиони евра, со што стана најскапо продаден фудбалер во историјата на Арсенал.
За лондонскиот клуб, ова е многу добар потег, особено бидејќи, според информациите од италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Арсенал ќе има право на одреден процент од евентуалната следна продажба на Мартинели.
















