Арсенал го „растура“ шампионот Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал сака да купи уште еден фудбалер на Манчестер сити, откако претходно како нови засилувања ги договори Каи Хаверц и Деклан Рајс.

„Топчиите“ немаат намера да запрат со засилувања во летниот преоден рок, па наводно сакаат да го купат Жоао Кансело од Манчестер сити.

Лондонскиот гигант претходно од Манчестер ги купи Габриел Жесус и Олександр Зинченко, кои се покажаа како одлични засилувања, па сега Микел Артета сака уште еден фудбалер.

Кансело се врати на „Итихад“ по позајмицата во Баерн Минхен, кој реши да не го откупи неговиот договор.