Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер Сити имаат голема шанса да доведат играч кој би можел многу да им значи во иднина.
Се работи за Варен Заир-Емери, кој следното лето ќе може да биде доведен од сите три екипи по цена од 90 милиони евра, како што пренесува шпанскиот Defensa Central.
Овој фудбалер е најмладиот кој некогаш стапнал на терен како играч на Пари Сен Жермен, но медиумите шпекулираат околу неговата иднина во овој клуб.
Арсенал има предвид дека Норгорд е привремено решение и дека ќе се бара нов играч уште следното лето, при што Заир-Емери би можел да биде вистински погодок. Да додадеме и дека овој фудбалер е способен да игра на различни позиции, па оваа сезона играл дури и десен бек. За потсетување, Арсенал ги има Зубименди и Рајс како централни играчи за врска и тешко е да се види некој трет помеѓу нив во овој момент.