Арсенал испрати луда понуда до Фиорентина за Влаховиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал испратил понуда до Фиорентина од 60 милиони евра плус Лукас Тореира за српскиот голгетер Душан Влаховиќ.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал сака да добие нов голгетер со оглед на тоа дека не е јасна иднината на Пјер-Емерик Обамејанг на кој му беше одземена капитенската лента поради кршење на правилникот.

Александре Лаказет и Еди Нкетија, од друга страна, се подготвени да го напуштат тимот по сезонава кога ќе има завршат договорите.

Фиорентина, наводно, бара 75 милиони евра отштета за Србинот, но Арсенал не попушта засега и ќе се обиде со различна понуда да ги убеди главните луѓе на тимот од Фиренца.

Влаховиќ има договор до 2023 година, а во Фиорентина пристигна во 2018 година од Партизан за два милиони евра.