Арсенал испрати понуда од 70 милиони фунти за Каиседо, но веднаш стигна одговор од Брајтон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брајтон останува на ставот дека не сака да го продаде Мојсе Каиседо, иако Арсенал е упорен и испрати втора понуда од 70 милиони фунти, која сепак беше одбиена.

Тренерот Роберто Де Зерби кажа дека сака да го задржи Каиседо до крајот на сезоната, меѓутоа фудбалерот смета дека е време за голем трансфер.

Интерес за Каиседо покажа и Челси, но „сините“ се повлекоа по одбиената понуда од 55 милиони фунти, па сега главен кандидат за потписот на фудбалерот е Арсенал.

Арсенал има рок до вторник до 23.59 часот да го реализира трансферот на Каиседо, но нема да биде лесно зашто Брајтон не сака да го продаде.