Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Арсенал испрати официјална понуда до Спортинг од Лисабон за Виктор Ѓокереш, на што Манчестер Јунајтед одговори жестоко.
Рубен Аморим започна големи промени во тимот на Манчестер Јунајтед, а јасно е дека на овој тим му е потребен еден вистински напаѓач.
Долго време Манчестер Јунајтед се поврзуваше со доведување на Виктор Ѓокереш, но беа изненадени по потегот на Арсенал и веднаш решија да испратат жесток одговор.
Наводно, раководството на Манчестер Јунајтед одлучи веднаш да се откаже од доведувањето на напаѓачот на Спортинг и се сврте кон играчот на Ајнтрахт од Франкфурт, чие име е Хуго Екитике.
Екитике му помогна на тимот од Бундеслигата да се квалификува за Лигата на шампионите, постигнувајќи 22 гола и запишувајќи 13 асистенции во минатата сезона.
Од мај се зборува дека Ливерпул е многу заинтересиран за доведување на овој талентиран млад фудбалер, но сега Флоријан Плетенберг пренесе нови вести.
“Манчестер Јунајтед сега официјално одлучи да се приклучи во трката за потписот на Хуго Екитике.
Тие денеска остварија контакт со него, собираат информации и подготвуваат официјална понуда за клубот.
Фото: Принтскрин