Арсенал ја напаѓа титулата – објавена листата со желби на Артета!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ќе биде еден од најактивните тимови во јануари, а веќе се познати и можните засилувања на премиерлигашот.

Тренерот Микел Артета сака оваа сезона конечно да ја освои Премиерлигата, но за тоа ќе му бидат потребни нови фудбалери.

На листата со желби се наоѓа Педро Нето од Вулверхемптон, Џорел Хато од Ајакс и Мартин Зубименди.

Според информациите на „Атлетик“, планот на Артета е да се засили во секој дел од теренот, а нема дилема дека во јануари ќе потроши многу пари за такво нешто.