Арсенал ќе избрка седум фудбалери, а меѓу нив и најскапиот во клупската историја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидерот во Премиерлигата планира во летниот преоден рок да избрка седум фудбалери, а меѓу нив е и најскапото засилување на Арсенал, Николас Пепе.

Пепе беше ангажиран во 2019 година како големо засилување од Ница за 79 милиони евра, но сега ќе мора да замине затоа што не се вклопува во плановите на тренерот Микел Артета.

На листата за отстрел се наоѓаат и Мејтланд-Најлс, Локонго, Таварес, Мари, Соареш и Рунарсон, кои на лето треба да бидат продадени.

Пепе досега одигра 112 меча за „топчиите“, а притоа постигна 27 голови и 21 асистенција, а може да игра на позициите десно крило и напаѓач.