Арсенал конечно ја реши директорската дилема: Еве кое е новото име на „Емирати“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигна потврдата од Бразил, „Непобедливиот“ повторно во Арсенал.

Свен Мислинтат не се задржа долго во редовите на клубот од „Емирати“, Германецот мина 14 месеци на оваа позиција пред заминувањето.

За тој период ги погоди трансферите како оние на Обамејанг, Тореира или Лено кои во последно време ја подигнаа формата.

Една од причините за разделба се наведува финансиската (не)моќ да се натпреварува со останатите богати клубови од Англија и Европа.

За наследник на Германецот беа видени Мончи, па и Оверманс од Ајакс, Шпанецот се врати во својата Севиља по неуспешната операција во Рома, додека Холанѓанецот засега ќе остане во Рим.

Денес од бразилските медиуми е потврдено дека позицијата спортски директор ќе ја заземе некогашниот играч на „Топчиите“, Еду Гаспар, кој моментално е на позицијата координатор на националниот тим на Бразил.

На Арсенал ќе му се придружи по Копа Америка со Селека, ги знае „Топчиите“ во душа. Играше за нив пет години, вклучувајќи ја сезоната каде беше дел од „Непобедливите“.