Арсенал, Ливерпул или Манчестер Сити? Гeхи одлучи за кој гигант ќе потпише


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сите знаат дека Марк Гeхи беше многу блиску да се пресели во Ливерпул, но целата зделка пропадна речиси последниот ден од трансфер пазарот.

Имено, тогаш се зборуваше дека тренерот на Кристал Палас им се заканил на сопствениците на клубот дека ќе замине ако го продадат Гeхи бидејќи нема време да најде соодветна замена за него.

Марк Гeхи влегол во последните шест месеци од договорот со Кристал Палас и доколку овој јануари не замине за одредена сума на пари, тогаш на лето заминува како слободен играч.

Веќе на почетокот на јануари три тима покажале голем интерес да го доведат Гeхи, а станува збор за Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.

Најверојатно, Гeхи ја донел својата одлука, но еден клуб би можел да го наруши планот. Станува збор за тоа дека Ливерпул и Манчестер Сити испратиле официјални понуди на адреса на Гeхи, а фудбалерот сака на Енфилд и не е заинтересиран да оди на Етихад, тврдат Англичаните.

Сепак, Арсенал уште нема испратено официјална понуда и наводно би можел да го загрози договорот на Ливерпул, се разбира доколку Гeхи биде отворен за префрлување на Емирејтс, но наводно тој својата кариера ќе ја продолжи на Енфилд.