Арсенал му излезе во пресрет и го ослободи Михтарјан кој сега и официјално е под долгорочен договор со Рома


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Ерменскиот репрезентативец, Хенрик Михтарјан и официјално си замина од редовите на англискиот Арсенал.

Офанзивниот играч за врска спогодбено го раскина договорот со „топчиите“ и како слободен агент поптиша перманентен договор со тимот на Рома.

Михтарјан се приклучи на Арсенал како дел од трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед, но имаше само 29 натпревари во Премиер лигата како стартер во периодот во кој беше член на клубот од Северен Лондон.

Лани играше како позајмен фудбалер во тимот на Рома, а од оваа година Михтарјан ќе игра перманентно во овој клуб.