Арсенал нема да жали пари: Ќе плати 47 милиони евра за Белгиец, но Реал му стои на патот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал ова лето нема да штеди пари, па на листата со желби на тренерот Микел Артета се наоѓа 25-годишниот Јури Тилеманс од Лестер сити.

Цената на Тилеманс е околу 47 милиони евра, а тој оваа сезона одигра 28 меча и постигна шест голови и три асистенции за „лисиците“.

Арсенал е главен фаворит за неговиот потпис, но ќе има конкуренција од Реал Мадрид, па на „топчиите“ останува да се квалификуваат за Лигата на шампиони (ЛШ) ако сакаат да го добијат Белгиецот, кој игра за Лестер од 2019 година.

Тилеманс пристигна во екипата на позајмица до крајот на сезоната, по што беше откупен за 32 милиони фунти, а досега настапи на 154 меча за премиерлигашот.