Арсенал официјализираше уште едно големо засилување


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Од таборот на Арсенал го потврдија трансферот на 22 годишниот бразилски стопер од Лил, Габриел Магалес.

Арсенал со фудбалерот потпиша долгогодишен договор,а „топчиите“ на Лил за неговите услуги ќе платат сума од околу 22 милиони фунти.

За Габриел постоеше интерес и од Манчестер Јунајтед, но во случајот најконкретен беше Арсенал кој на крај го обезбеди неговиот потпис.

Со неговиот потпис во Арсенал се создаде мала бразилска колонија затоа што во клубот веќе се Габриел Мартинели, Давид  Луиз и Вилијан.