Арсенал ослабен за дербито против Манчестер сити

Англискиот вицепрвак Арсенал ќе игра ослабен во дербито против Манчестер сити во Премиерлигата затоа што се повреди Букајо Сака на мечот против Ленс (1-2) во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ѕвездата на Арсенал се повреди и медицинските екипи наскоро ќе констатираат колку време ќе треба да паузира, но сè поверојатно е дека нема да настапи против „граѓаните“.

„Сака доби силен удар и на последниот меч во Премиерлигата, но се чувствуваше добро. Не пропушти ниту еден натпревар во првенството, иако имаше неколку проблеми во изминатите два месеци“, кажа Сака.