Арсенал подготви 60 милиони евра за нов напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Арсенал мора да го засили тимот за да остане конкурентен за титулата во Премиерлигата, па затоа Микел Артета донел одлука да купи нов напаѓач.

По поразите од Фулам и Вест хем, Арсенал падна дури до шестата позиција, а најголеми проблеми имаше во нападот.

Душан Влаховиќ од Јувентус изгледа како идеално решение за проблемите на „топчиите“, кои се подготвени да платат 60 милиони евра за услугите на српскиот голгетер.

Арсенал има и алтернативно решение, односно тоа е Ајван Тони од Брентфорд, но премиерлигашот бара околу 90 милиони евра за трансфер.