Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал, наводно, подготвил големо засилување за крајот на преодниот рок, а според Џанлука Ди Марцио, премиерлигашот ќе испрати понуда за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Преговорите меѓу тимовите веќе почнале, но засега нема испратено официјална понуда од страна на Арсенал.
„Арсенал е првот тим кој се распрашувал за Мартинез. Разговорите се почнати, но не се зборувало за многу важни детали во тој разговор“, вели Ди Марцио.
Мартинез зад себе има одлична сезона во дресот на Интер со кој го освои Скудетото, а потоа со репрезентацијата на Аргентина ја освои копа Америка.
Аргентинецот во претходните месеци се поврзуваше со Барселона, меѓутоа каталонскиот гигант се откажа од неговите услуги поради финансиските проблеми.