Арсенал посакува фудбалер на Борусија Дортмунд

Англискиот медиум „Сан“ пренесува дека од Арсенал го посакуваат стоперот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.

„Топчиите“ биле во постојан контакт со фудбалерот уште од јануари, а на Борусија за него ќе му понудат сума од околу 25 милиони ефунти.

24 годишниот стопер е редовен во тимот на Лусиен Фавре оваа сезона и веќе има собрано 34 настапи во сите конкуренции, но се верува дека „милионерите“ ќе се согласат да го продадат за вистинската сума.