Арсенал постигна договор за првото поголемо засилување ова лето


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал се во напредни преговори со Сент Етјен за ангажман на играчот од одбраната Вилијам Салиба.

„Скај Спортс“ пренесува дека „топчиите“ испратиле понуда која веројатно ќе биде прифатена, па играчот наскоро би требало да пристигне на „Емирати“.

Сепак медиумот пишува дека Арсенал веднаш ќе го врати младиот стопер на позајмица во Сент Етјен, а потоа од следната сезона ќе го земе во своите редови.

Висината на обесштетувањето која англискиот клуб ќе му ја плати на Сент Етјен изнесува 30 милиони евра.