Арсенал пред договор со првото летно засилување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од редовите на Арсенал се согласиле да ја платат цената која ја бара Феенорд за нивниот 19 годишен фудбалер, Оркун Кокчу.

Кокчу игра на средината на теренот и голема е веројатноста тој да биде првото летно засилување на „топчиите“ за следната сезона.

Во Арсенал го гледаат играчот кој годинава има постигнато три гола и шест асистенции во Ердивизија како замена за Месут Озил.

Англискиот клуб се согласил да плати 23 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на младиот турски репрезентативец пред кого се предвидува блескава иднина.