Арсенал пронајде решение за одбраната на тимот, агент на еден играч го потврди интересот на „топчиите“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Агентот на украинскиот играч од одбраната на Шахтјор, Микола Матвиенко истакна дека Арсенал е во преговори со Шахтјор за негов ангажман.

Јуриј Данченко во интервју за украинските медиуми потврди дека се во постојан контакт со претставниците на Арсенал и дека би можел да бидедоговорен трансфер оваа зима.

„Со моите колеги постојано сме во контакт со претстанвиците на Арсенал и веќе имавме неколку средби. „Топчите“ го контактираа и Шахтјор и се надеваме дека преговорите ќе успеат“ –изјави агентот Данченко.

Инаку Матвиенко има 22 настапи за репрезентацијата на Украина, а во тимот на Шахтјор е незаменлив на стоперската позиција.