Арсенал работи на шест трансфери, приоритетите на Артета се повеќе од јасни


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Раководството на Арсенал мора да направи добар потег ова лето ако мисли да се натпреварува со Ливерпул и Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата следната сезона.

Малкумина очекуваа дека ситуацијата на Емирејтс ќе биде толку мирна кога станува збор за доаѓања, а тоа директно ги фрустрира сите навивачи на овој клуб.

Се очекуваше дека Топџиите ќе бидат многу поактивни на пазарот, имајќи предвид дека Микел Артета сака да продолжи да се натпреварува за титулата во Премиерлигата со Манчестер Сити и Ливерпул.

Има многу притисок врз Шпанецот по уште една сезона без трофеи и јасно е дека ќе мора да направи одредени потези ова лето за да ја засили својата екипа.

Новиот спортски директор Андреа Берта неодамна пристигна и наводно работи многу посветено за да ги заврши сите потребни трансфери.

Топџиите сакаат да се засилат на неколку позиции, а позицијата на која најмногу сакаат засилување е на врвот на нападот.

Освен тоа, Артета сака нов играч за врска откако го загуби Жоржињо кој замина како слободен играч, но и нов крилен играч како конкуренција на Мартинели.

Арсенал наводно досега го завршил само ангажманот на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, и се чека официјална потврда за овој потег.

Репрезентативецот на Шпанија е еден од најдобрите играчи за врска во Европа во моментов, а особено по одличната сезона во Ла Лига, па би бил огромно засилување за Арсенал.

Кога станува збор за позицијата на напаѓач, тука се балансира меѓу двајца играчи, а станува збор за Бенџамин Шешко и Виктор Ѓокерес.

Наводно, сè е договорено со Шешко, но Топџиите никако да постигнат договор со неговиот клуб РБ Лајпциг.

Фото: Grok AI