Арсенал се интересира за играчот кој беше пред трансфер во Јувентус јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Арсенал се интересираат во летниот преоден рок да го донесат фудбалерот на ПСЖ, Лајвин Курзава.

Јасно е дека Микел Артета ќе мора да се засили на бековските позиции за следната сезона, а прв избор за одбраната е токму Курзава.

Францускиот интернационалец беше пред трансфер во Јувентус во јануари, меѓутоа трампата со Де Шиљо не се реализираше, па тој остана во Париз.

На лето 27 годишниот фудбалер ќе биде слободен агент и ќе може без проблем да реализира трансфер во било кој клуб.