Арсенал се надева ќе го победи Тотенхем во трката за фудбалер од премиерлигашки ривал


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Арсенал се надеваат дека ќе го победат Тотенхем во трката за потписот на фудбалерот на Борнмут, Рајан Фрејзер.

26 годишниот крилен фудбалер го привлече вниманието на клубовите од Северен Лондон и речиси сигурно ќе реализира трансфер ова лето.

Фрејзер ќе биде слободен агент по крајот на сезоната и веројатно нема да остане на „Виталити“ затоа што за него се интересираат многу поголеми клубови од Борнмут.

Шкотскиот интернационалец годинава не е баш најрасположен во своите настапи и има постигнато само еден погодок за Борнмут на 28 натпревари.