Арсенал се откажа од Вилијамс – ќе „лови“ две засилувања за 125 милиони евра


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал ова лето сакаше да го засили својот состав со одличниот Нико Вилијамс, но како што стојат работите, од тоа нема ништо.

Надежите на Арсенал дека можат да го доведат Нико Вилијамс се завршени, а причината се огромните барања за плата од страна на играчот кои ги изненадија сите во тимот од Емирејтс.

Спортскиот директор на Топџиите веќе се свртел кон доведување на двајца играчи наместо Нико Вилијамс, тврдат шпанските медиуми.

Клубот наводно дал зелено светло да се доведат три големи ѕвезди, а станува збор за Мартин Зубименди, претходно споменатиот Вилијамс и напаѓачот на Спортинг Виктор Ѓокереш.

По состанокот меѓу спортскиот директор на Арсенал, Берта, и претставниците на Вилијамс, настанал проблем во големите барања од страна на играчот.

Тој наводно барал да биде најплатениот играч на Арсенал за да дојде во овој клуб, но Берта не бил подготвен да му го понуди тоа.

Веднаш потоа, Берта се префрлил на доведување на Ѓокереш и Зубименди, додека за крилниот напаѓач ќе побара решение на друго место.

Фото: Arsenal/FB