Арсенал се откажува од Себалјос и носи нов фудбалер од Ла Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал веројатно ќе се откаже од намерата да го ангажира Дани Себалјос на перманентна основа.

Откако пропадна можноста Шпанецот да остане уште една сезона на „Емирати“ како позајмен фудбалер, тој ќе се врати во Реал Мадрид од каде веројанто ќе реализира перманентен трансфер во друг клуб.

Од Арсенал, пак, сега ги насочиле мислите кон ангажман на фудбалерот на Реал Бетис, Набил Фекир. Ова го пишува „Дејли Стар“ кој пренесува дека Фекир кој минатото лето реализираше чуден трансфер во Бетис сега би можел да се пресели во Лондон.