Арсенал си купи резервен голман за 30 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал го ангажира голманот Давид Раја од Брентфорд, а наскоро треба да го претстави како ново засилување.

„Топчиите“ за неговиот трансфер ќе потрошат 30 милиони евра, а Шпанецот ќе потпише договор до 2028 година.

Раја беше еден од хероите во историскиот пласман во Премиерлигата на Раја, а веќе две сезони е еден од најдобрите голмани во елитата.

Арсенал претходно се засили со Каи Хаверц, Деклан Рајс и Јуриен Тимбер.