Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Арсенал е првиот финалист во Лига Европа откако со 4:2 по втор пат славеше против тимот на Валенсија, овој пат на „Местаља“.
Валенсија поведе со голот на Гамеиро во 11 минута, но по само шест минути Обамејанг го изедначи резултатот. Со тој резултат се замина на одмор, а во вториот дел видовме уште четири погодоци.
На самиот почеток на второто полувреме Лаказет погоди за 2:1. Славењето не траеше долго затоа што Гамеиро по втор пат го израмни резултатот во 58. минута.
Сепак, Арсенал до крајот постигна уште два погодоци преку Обамејанг кој заокружи хет-трик и кој е најзаслужен што неговиот тим се пласираше во финалето.