Арсенал во напредни преговори за ангажман на фудбалер на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал е во напредни преговори со Реал Мадрид за ангажман на фудбалерот од средниот ред, Дани Себаљос.

Себаљос кој и минатата сезона беше дел од англискиот тим и оваа година ќе игра во клубот од „Емирати“ како позајмен фудбалер.

Арсенал нема да има право на откуп на неговиот договор, па шпанскиот интернационалец ќе се врати во Реал Мадрид штом истече позајмицата.