Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е загрижен поради повредата на фудбалерот Виктор Ѓокереш, откако напаѓачот не отпатува со тимот во Прага за натпреварот со Славија во Лигата на шампионите.
Ѓокереш се повреди в сабота на натпреварот против Барнли (2:0) и мораше на полувремето да ја напушти играта.
„Тој дефинитивно не е на располагање. Не тренираше и мораме да направиме уште тестови и скенирања во наредните неколку дена за да видиме целосниот обем на повредата. За овој натпревар, не можеме да сметаме на него”, рече Артета, пренесе Скај.
Фудбалерите на Арсенал играат во вторник од 18.45 во Прага против Славија, натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. Менаџерот беше запрашан дали е загрижен или се работи за краткотраен проблем.
“Загрижен сум затоа што не имал многу проблеми со мускулите и мораше да го напушти теренот бидејќи нешто почувствува. Тоа никогаш не е добар знак за играч кој е експлозивен. Малку повеќе истражуваме за да ја разбереме природата на повредата”, наведе Артета.
















