Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Уште една сапуница нè очекува ова лето во која ќе бидат вклучени Арсенал и Челси, а повторно станува збор за фудбалер на Шахтер.
Откако овие два лондонски гиганти се бореа за Михајло Мудрик, кој го избра синиот дел на Лондон, сега на иста „мака“ ќе биде и Георгиј Судаков.
Премиерлигашите се заинтересирани за Судаков и наводно веќе почнале преговори за неговиот потпис, но Шахтер бара 100 милиони евра за потписот на талентираниот Украинец.
Судаков привлече интерес и од Манчестер сити, но досега „граѓаните“ не испратиле понуда до Украина.