Арсенал за крај на преодниот рок носи две засилувања за 145 милиони евра

Англискиот гигант Арсенал планира да ангажира уште две засилувања до крајот на преодниот рок, откако тренерот Микел Артета покажа интерес за Лукман и Виктор Осимен.

Наполи сака да го продаде Осимен, а премиерлигашот нуди „само“ 95 милиони евра и се надева дека ќе го реализира трансферот.

Интересно е тоа што Арсенал испратил понуда од 50 милиони евра и за Лукман од Аталанта, кој не се појави на последниот тренинг и покажа незадоволство.