Арсенал за ситница го продава Обамејанг


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Голема е веројатноста Арсенал да остане без услугите на Пјер Емерик Обамејанг кој има уште една година од својот договор на „Емирати“.

Обамејанг барем засега не сака да го продолжи договорот со „топчиите“ и е отворен за трансфер во летниот преоден рок.

Арсенал ќе се согласи да го плати фудбалерот за сума од нешто над 20 милиони фунти. Ова е доста прифатлива сума за тимовите кои се заинтересирани за габонскиот напаѓач.

Доколку не пристигне понуда која ќе ги задоволи апетитите на Арсенал, Обамејанг ќе остане во клубот уште една сезона и потоа ќе си замине како слободен агент.