Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што секој навивач на Арсенал би ви кажал, е дека проблемот на екипата лежи во одбраната.
Свесен за тоа е и Унаи Емери, па на управата и ги пренесе своите очекувања во стоперската линија да пристигне засилување од светски калибар.
Едно од нив би можело да биде и фудбалерот на Барселона, Самјуел Умтити, тврдат медиумите на Островот.
Французинот оваа сезона го загуби своето место во стартната постава, Валверде често ги користи Пике и Ленгле, а доколку навистина пристигне Матис Де Лихт тоа би значелот крај на кариерата на „Камп Ноу“ за Французинот.
„Умтити е многу добар играч, сакам да имам фудбалери од Франција бидејќи се квалитетни, сум им бил тренер често во своите претходни клубови“, истакна Емери.
Проблем би можела да претставува и цената, 25-годишниот дефанзивец е проценет на 70 милиони евра што не е малку земајќи предвид што „Топчиите“ имаат нешто поскромен буџет за претстојното лето.