Арсенал заинтересиран за еден од најголемите италијански таленти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат талентираниот фудбалер на Каљари, Николо Барела.

„Газета дело Спорт“пишува дека претставници на клубот од Лондон биле да го гледаат Барела на натпреварот со Јувентус.

„Топчиите“ го посочиле италијанскиот репрезентативец како идеална замена за Арон Ремзи кој ќе се пресели во Јувентус веднаш штом неговиот договор со Арсенал истече.