Арсенал продаде еден од јунаците на освојување на титулата


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал ја договори продажбата на белгискиот напаѓач Леандро Тросар на турскиот Бешикташ. Овој 31-годишник доби дозвола да отпатува за Истанбул за медицински преглед и завршување на трансферот, објави клубот.

Тросар пристигна во Арсенал од Брајтон во јануари 2023 за 25 милиони евра со бонуси, а неговиот договор со Топџиите го врза до 2027 година. Во 174 настапи за лондонскиот клуб постигна 36 голови и забележи 34 асистенции и беше еден од клучните играчи во тимот на Микел Артета кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата.

Минатата сезона Тросар беше важен играч за Артета и во 21 натпревар започнуваше во првиот состав во лигата. Три кола пред крајот постигна клучен гол на патот кон титулата во 83. минута од натпреварот со Вест Хем, кој заврши со победа на Арсенал од 1:0. Играше од првата минута и во финалето на Лигата на шампионите, во кое Арсенал беше поразен од Пари Сен Жермен.