Артета ќе тргне во голема офанзива – сака млада ѕвезда на Манчестер јунајтед!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Раководството на Арсенал веќе полека се подготвува за зимскиот трансфер период каде што повторно сакаат да направат добар потег кога е во прашање засилувањата за кои се надеваат дека ќе ги водат до титулата во Премиер лигата и во Лига на шампиони.

Имено, се појави информација дека Артета сака да ја донесе во Арсенал младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, а станува збор за Коби Мејноу.

Бруно Фернандеш е пред него кога е во прашање минутажата, а младиот Мејноу досега има одиграно само 171 минута во Премиер лигата.

Новинарот Фрејзер Флечер прво пренесе дека интерес за Мејноу имаат и Тотенхем Хотспур и Њукасл Јунајтед.

Сепак, тие не се единствени бидејќи наводно се наоѓа и на радарот на Манчестер Сити, но и на Наполи, а самиот играч минатото лето сакаше да го напушти Олд Трафорд.

Новинарот на ЕСПН, Марк Огден, сега тврди дека Арсенал сака да го донесе Мејноу како замена за Мартин Одегард.

Норвежанецот секако е во плановите на Микел Артета, но кога е подготвен и достапен, а повредите му предизвикуваат многу проблеми.

Тој оваа сезона започна само четири натпревари во Премиер лигата и еден во Лига на шампиони во дресот на Арсенал, и тоа токму поради повредите.

Огден беше јасен во подкастот на ЕСПН.

„Јунајтед сака да го задржи, но тој не сака да остане. Слично како со Гарначо, кој замина во Челси.