Артета активира трансфер бомба: Го дава Колашинац плус пари за долгогодишната мета на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Микел Артета планира сериозно да го засили својот состав во пресрет на неговиот прв преоден рок како самостоен тренер.

Шпанецот веќе посочил некои големи имиња кои раководството на клубот ќе се обиде да ги донесе во јануари.

„Скај Спортс“ пренесува дека Сеад Колашинац речиси сигурно ќе си замине од клубот, а Артета планира да го искористи интересот на Наполи за него за во своите редови да го донесе Калиду Кулибали.

Артета ќе му го понуди Колашинац плус пари на Наполи во намера да го ангажира фудбалерот за кој подолг период се интересира Манчестер Јунајтед.